Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура објавува
ГОДИШНИ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2022 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Министерството за култура на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година (во натамошниот текст: Годишните конкурси) ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија во следниве дејности и области:
- визуелни уметности, архитектура и дизајн;
- драмска дејност;
- заштита на културното наследство (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, библиотечна дејност, заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра);
- интердисциплинарни проекти;
- литература и издавачка дејност;
- манифестации и фестивали од областа на културата;
- музичка и музичко-сценска дејност;
- меѓународна соработка;
- фолклор.
Составен дел на Годишните конкурси се пријавите за проекти по одделни области и активности.
1. УЧЕСТВО НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ
Право на учество на Годишните конкурси имаат правни лица и физички лица државјани на Република Северна Македонија.
Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.
Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходните години треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура. Поднесените пријави на Годишните конкурси од правните и физичките лица што не ги исполниле сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура нема да бидат разгледувани.
Проектите што ќе се реализираат во текот на 2022 година задолжително треба да се реализираат во согласност со актите со кои се утврдуваат превентивни препораки, привремени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија и од Министерството за здравство.
На Годишните конкурси НЕ учествуваат национални установи од областа на културата.
Правните лица, со исклучок на локалните установи, може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со најмногу 2 (два) проекта во секоја област, односно едно исто правно лице може да поднесе вкупно 4 (четири) проекти.
Физичките лица може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со 1 (еден) проект во секоја област, односно едно исто физичко лице може да поднесе вкупно 2 (два) проекта.
Во областа на литературата и издавачката дејност правните лица може да конкурираат со најмногу 10 (десет) проекти, а физичките лица со 1 (еден) проект.
Општите и посебните услови што треба да ги исполни подносителот на пријавата се утврдени во Годишните конкурси.
Потребната задолжителна документација со која се докажува исполнетоста на општите и на посебните услови е утврдена во пријавите, кои се составен дел од Годишните конкурси.
Нема да бидат разгледувани следниве пријави:
– доставени по истекот на рокот утврден во Годишните конкурси;
– кои не соодветствуваат на областа, односно активноста на проектот;
– кои не се составен дел од Годишните конкурси;
– доставени во печатена форма во Архивата на Министерството за култура или по пошта;
– доставени на електронски адреси на вработени во Министерството за култура;
– нецелосно пополнети (сите графи треба да бидат пополнети со соодветни податоци);
– за кои во прилог не е доставена задолжителната документација утврдена во пријавите, кои се составен дел од Годишните конкурси.
2. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА ЌЕ СЕ ВРШИ ОЦЕНА НА ПРОЕКТИТЕ
Критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси.
3. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ
Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година по одделни области и активности.
4. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Рокот за поднесување на пријавите е утврден во Годишните конкурси.
5. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
5.1. Начин на пријавување
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со поднесување на електронска апликација, на начин утврден со корисничките упатства, поставени на линковите:
UserManualMK.pdf (kultura.gov.mk)
UserManualAL.pdf (kultura.gov.mk)
Пополнувањето на апликацијата за Годишните конкурси ќе биде електронски достапно преку интернет страницата на Министерството за култура:
или директно на линкот:
Најави се – Министерство за култура на Република Северна Македонија (kultura.gov.mk)
Пријавите по оделни области и активности, кои се составен дел од Годишните конкурси, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
За секој проект се поднесува одделна пријава.
5.2. Известување за резултатите од Годишните конкурси
За резултатите од Годишните конкурси подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. Резултатите од Годишните конкурси ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството за култура.
Објавените резултати од Годишните конкурси ќе содржат информации за носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.
5.3. Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Годишните конкурси може да се добијат на следниве електронски адреси:
Визуелни уметности, архитектура и дизајн
Марија Станчевска-Ѓоргова, Мариела Мицевска-Аџигогова
Драмска дејност
Снежана Иванова-Китанова, Бесим Ибраими
snezana.ik@kultura.gov.mk, besim.ibrahimi@kultura.gov.mk
Заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра, библиотечна дејност, музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство
Елена Павлова, Давча Спасова
Рефик Бајрами, Ибуш Абази
muzejska@kultura.gov.mk
Љумтурије Зајази
Интердисциплинарни проекти
Александра Север
kreativniindustrii.kultura@gmail.com
Литература и издавачка дејност
Весна Ѓуровска, Исние Бериша
sektor.kniga@kultura.gov.mk
Манифестации и фестивали од драмска дејност
Снежана Иванова-Китанова, Бесим Ибраими
snezana.ik@kultura.gov.mk, besim.ibrahimi@kultura.gov.mk
Манифестации и фестивали од музичка и музичко-сценска дејност
Мандика Нича, Анета Киркова
Манифестации и фестивали од областа на фолклорот
Бесим Мемиши, Кемал Стафа, Адил Алуш
Манифестации и фестивали од областа на литературата и издавачката дејност
Весна Ѓуровска, Исние Бериша
sektor.kniga@kultura.gov.mk
Музичка и музичко-сценска дејност
Мандика Нича, Анета Киркова
Меѓународна соработка
Љубица Стефановска, Љуљзим Селмани
lulzim.selmani@kultura.gov.mk
Фолклор
Бесим Мемиши, Кемал Стафа, Адил Алуш
Дополнителни информации за начинот на поднесување пријави на електронската апликација можат да се добијат секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот на следниве телефонски броеви:
071 320 881 и 070 272 201.
Министерство за култура