Гала-оперски концерт во НОБ на 9 октомври

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет на 9 октомври ќе се одржи гала-оперски концерт. Концертот ќе почне во 20 часот, а ќе диригира Иван Еминовиќ.

На концертот ќе настапат оперските солисти: Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска-Илкова, Соња Пендовска-Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска-Спасовска, Павлина Новакова-Георгиев, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска-Василев, како и оркестарот и хорот на Националната опера и балет.

Режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор е Климент Тодороски. Хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Концертот ќе се одржи според протоколите за пандемијата КОВИД-19. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот ќе биде отворен за публиката еден час пред почетокот на концертот. Билетите се во ограничен број и се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе