„Гала оперски концерт“ во Националната опера и балет

од admin_kult

Националната опера и балет на утре, 19 февруари во 20 часот ќе одржи „Гала оперски концерт“ на кој ќе настапат Ристе Велков – баритон, Билјана Јосифов – сопран, Драган Ампов – баритон, Злата Тошевска – сопран и Ана Ројдева – сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.

Во рамки на програмата љубителите на оперската уметност ќе можат да ја проследат изведбата на арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џакомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и други.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе