Во Тетово ќе се одржи меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“

од admin_kult

Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово од 15 до 18 октомври ќе се одржи 24-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Денови на Наим“. Годинешен лауреат е поетесата Лидија Димковска.

– Лауреат на годинешното издание е македонската поетеса Лидија Димковска која ќе добие наградата „Наим Фрашери“ како и функцијата почесен член на дирекцијата на фестивалот. Вториот ден во петок ќе се одржи научна конференција насловена „Наим Фрашери и татковината“. Дел од манифестацијата е и промоција на шест книги на лауреатите од претходните изданија, истакна на  прес-конференција, Шаип Емурлаи од организацијата на фестивалот. Нa фестивалот поканети се 32 поети од повеќе земји.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе