Во Прилеп изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2020“.

од admin_kult

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде поставена изложба на дела од 12-то издание на ликовната колонија „Дрен 2020“. Ќе бидат изложени 25 дела од 14 уметници – учесници на колонијата кои годинава заради корона кризата твореа во сопствените ателјеа. Посетителите ќе можат да ги видат делата на Џигдем Ѓуллу, аташе за култура на Р. Турција, Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска-Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски,  Александра Димитрова, Ангел Коруновски, Тамара Танкоска..  Колонијата „Дрен“ и изложбата се поддржани од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе