На 2 март со почеток во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе биде изведена популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографе Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Васко Здравков, Биљана Јосифов, Роберто Јачини Вергилиј од Италија, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Марко Димовски, Борко Биџовски. Ќе настапи и Елена Сиљаноска на чембало во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди“, информираат од Националната опера и балет.