Колекцијата на солидарноста по претставувањето во „Кунстхале“во Виена ќе биде изложена во Националната галерија во Прага

од admin_kult

Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје“/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, која девет месеци беше отворена во еден од најголемите европски културни центри – „Кунстхале“ во Виена, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, на 21 март ќе биде отворена во Националната галерија во Прага.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која содржи над 5 300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Конципирана на идентичен начин, изложбата ќе биде пренесена во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

Ова претставување првично беше резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале –  Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, што го креира концептот на поставката, го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале – Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Во Виена, поставката составена од дела што светски познатите уметници ги подарија на нашиот музеј во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година ја видоа над 75 000 илјади посетители.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе