Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва (28 октомври) ќе биде отворена ретроспективно монографската изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, еден од неколкуте наши најзначајни автори кои припаѓаат во областа на наивното творештво. На изложбата ќе бидат презентирани четириесет слики, а ќе биде промовирана и книга за неговото творештво со обемен текст од Гоце Божурски.
Ѓорѓе Шијаковиќ е еден од неколкуте основоположниците на наивата кај нас, а застапен е и во енциклопедијата на наивната уметност во светот.