Започнува „Скопје филм фестивал“

од admin_kult

Со филмот „Вистинската историја на бандата Кели“ вечерва во 19:00 часот во дворот на Кинотека на Северна Македонија ќе биде отворено 23.  издание на „Скопје филм фестивал“.

На програмата на фестивалот, кој ќе се одржува до 16 септември, ќе бидат прикажани повеќе од дваесет играни и документарни филмови поделени во три програми: Панорама на светски филм, Денови на квир-кино и Ретроспективна програма на филмови од Федерико Фелини. Од придружните програми, во рамките на фестивалот ќе биде претставена изложба на Зоран Кардула.

Проекциите ќе бидат на отворено. Билетите се бесплатни, но мора да се подигнат пред проекцијата заради ограничениот број на места. Организаторите напоменуваат дека ќе се запазат мерките за заштита од Ковид-19, односно задолжително е носење на маски и држење дистанца.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе