Заврши годинешното истражување на Голема Пешт: Пронајдени наоди карактеристични за неандерталската популација

од admin_kult

Археолошкиот музеј спроведе истражување на археолошкиот локалитет Голема Пешт, каде што се пронајдени наоди од животински коски и камени артефакти. Генерално, во рамките на истражувањето се констатираат материјални наоди карактеристични за неандерталската популација.

Со досегашните истражувања, откриен е исклучително богат движен археолошки материјал што го сочинуваат камени орудија/оружје и животински коски. Предметите се откриени во 21 слој чија дебелина изнесува 5,5 метри. Годинешните истражувања биле насочени кон новоотворената сонда 5, на 13-тиот метар од влезот на пештерата која, според археолошките наоди и хемиските анализи, била користена за живеалиште во долг временски период од 40 до 100 000 год. пр. н. е. Паралелно со археолошките ископувања, издвоен е материјал за неколку вида анализи – животински заби со седименти за електро спин резонанса што ќе се прави во одделот за хемија на Вилијам колеџ, во Научно-истражувачкиот институт РФК од Њујорк и во лабораторијата „Томсон“ во Америка, и седименти за ОСЛ и ДНА-анализи во лабораториите на Институтот „Макс Планк“ во Германија.

Во проектот, кој е финансиран од Министерството за култура на РСМ, учествувале: Љиљана Шаламанов-Коробар – раководител на проектот, Благоја Китановски – археолог, Марина Спирова – археолог, Перо Синадиновски – археолог, Антонија Сарделиќ – архитект, Иван Жежовски – спелеолог, Ванчо Ханџиски – логистика.

Локалитетот Голема Пешт е во близина на село Здуње, Општина Македонски Брод, на 65 км од Скопје. Пештерата, покажало истражувањето, не е случајно користена на што упатува релјефот околу неа и добрата прегледност кон околината и реката Треска, денес вештачка акумулација „Козјак“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе