Македонскиот народен театар ja започна санацијата на проодната тераса што се наоѓа на северoисточниот дел од првиот кат на објектот – кон Музејот на холокаустот.
Станува збор за зафат со кој ќе се надминат проблемите и материјалната штета предизвикани од протекувањето од терасата во главното фоаје при обилни дождови.
Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари, се во рамките на Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.