Средба Стефоска-Силвестри: Соработката треба да продолжи и да се интензивира

од admin_kult

Република Северна Македонија и Република Италија негуваат одлични односи во областа на културата, кои се одликуваат со соработка во сите дејности од културата – заштитата на културното наследство, ликовната и филмската дејност, е заклучокот од денешната средба меѓу министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.

На средбата Стефоска потенцираше дека италијанските уметници се редовни учесници на реномирани манифестации во нашата земја, како што е „Охридско лето“, а секоја година во земјава се одржува и најголемиот Филмски фестивал за деца и млади во Европа „Giffoni Еxperience“. Беше нагласена и соработката меѓу Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија со Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа (БРЕСЦЕ) со седиште во Венеција.

Од културните настани  кои се реализираат во Република Италија, Стефоска ги издвои традиционалното одбележување на 24 Мај, Денот на словенските просветители, што секоја година се одржува во Рим, во чии рамки се претставува и македонската култура и уметност, и учеството на земјава на Биеналето на ликовната уметност и на архитектурата во Венеција.

Стефоска и Силвестри се согласија дека во глобални рамки пандемијата значајно влијаеше врз реализацијата на културните настани, но се заложија соработката да продолжи и да се интензивира. Во тој контекст на средбата беше потврдено дека наскоро ќе биде усогласен и текстот на петтата програма со која на годишно ниво ќе се конкретизираат активностите што ќе се реализираат во периодот што следува.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе