Заменик-министерот за култура Сулејмани во посета на КУД „Јахи Хасани“ од Гостивар

од admin_kult

Заменик –министерот за култура Седат Сулејмани денеска во Гостивар оствари средба со претседателот на Културно-уметничкото друштво „Јахи Хасани“, Зани Мемеди.

„Со претседателот на Културно-уметничко друштво „Јахи Хасани“, Зани Мемеди, разговаравме за активностите на ансамблот, за проблемите со кои се соочуваат,  како и за планраните активности во наредниот период. Господин Мемеди ме извести дека и во време на пандемија, ансамблот реализирал многу активности во земјава и во регионот“, рече заменик-министерот Сулејмани.

Културно-уметничкото друштво „Јахи Хасани“ низ годините успешно се грижи за зачувување на традициите, песните и ората на Албанците во Полошкиот Регион, како наследство за идните генерации. За своите активности друштвото е добитник на повеќе награди и признанија,  што претставуваат гордост не само за градот Гостивар, туку и за сите Албанци од Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе