Во Велешкиот театар премиера на претставата „Четири соби“

од admin_kult

На големата сцена „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес денеска (27 мај) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Четири соби“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

„Претставата „Четири соби“ е работена според мотиви од сценариото на истоимениот култен филм од 1995 година. Станува збор за четири приказни што се случуваат во една новогодишна ноќ, сместени во четири различни соби на еден хотел“, информираат од Велешкиот театар.

Костимографијата и сценографијата за претставата се на Александар Ношпал, музички соработник е Сашко Костов, а улогите ги толкуваат: Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Симона Димковска, Зорица П. Панчиќ, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов. Првата реприза е закажана в сабота, 29 мај, во 20 часот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе