Во Центарот за култура во Битола државна изложба на детски ликовни творби

од admin_kult

Во фоајето на Центарот за култура – Битола до 20 јуни ќе биде отворена 46. Државна изложба на детски ликовни творби на тема: „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. На изложбата се претставени 506 детски творби од 51 основно училиште од РС Македонија.

„Изложбата, која е најстара од овој вид во нашата држава, па и пошироко, преку својот творечки континуитет, покажува дека зададената тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат свежина и потенцијал. Тенденцијата да се поттикнат и да се насочат  младите генерации да се запознаат со народната култура за да создаваат дела инспирирани од традицијата, но во духот на секојдневјето, предизвикува голем интерес и творечки порив“, најавуваат од Центарот за култура – Битола. Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е востановена во 1975 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе