Во Велес ќе се одржи 58-то издание на Рациновите средби

од admin_kult

Од денеска до недела во Велес ќе се одржува 58-то издание на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“. Манифестацијата ќе започне со Меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, кога ќе бидат промовирани научни дела испечатени во периодот меѓу две конференции. Свеченото отворање е во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ каде што Беседа за Рацин ќе одржи проф. д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг, a вечерта ќе биде заокружена со концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Програмата продолжува в сабота со традиционална посета на Спомен-куќата на Рацин, каде што ќе биде промовирана збирка поезија на млади македонски поети.

На свеченото затворање на манифестацијата, в сабота, ќе бидат претставени портретите на годинашниот добитник на Почесното Рациново признание за 2021 година, Ала Генадјевна-Шешкин, славист и македонист од Руската Федерација, како и на добитникот на Рациновото признание за 2021 година, Милован Стефановски, кој е награден за романот „Теорија за кучешка година“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе