Во Штип изведба на претставата „Животот е прекрасен“

од admin_kult

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска (12 ноември) во 20:00 часот репризно ќе биде изведена претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Бојан Трифуновски, работена по текстот на Џо Лендри.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Милорад Ангелов, Ефтим Трајчев, Анѓелка Нашкова, Миле Вртеовски, Пеце Ристески, Марија Минчова-Андонова, Ава Хусеини и Стефанија Митовска. Драматург е Трајче Кацаров, а сценографијата, костимите и дизајнот ги изработи Љупчо Јованов.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе