Во Прилеп концерт на виолинистка Софија Никоска

од admin_kult

 На 17 септември во 19:00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, според сите протоколи за заштита од корона-вирусот, целовечерен концерт на виолина ќе одржи нашата позната виолинистка Софија Никоска. На програмата се дела од: Јохан Себастијан Бах.

Виолинистката Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, а средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје. На 15 годишна возраст станува најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка во класата на проф. Олег Кондратенко, и потоа ги завршува и магистерските студии.

Своето понатамошно усовршување го продолжува како студент на Кралската школа во Мадрид. Како стипендист на фондацијата “Albeniz”, во оваа високо реномирана музичка школа, успешно реализира бројни настапи низ Шпанија. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни семинари и мастер-часови кај светски признаени уметници.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе