Во НУБ дигитална изложба по повод 100 – годишнината од раѓањето на Блаже Конески

од admin_kult

Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска, во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ќе ја постави дигиталната изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“, на својата и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk.

Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе