Во МНТ гостување на претстава од Србија

од admin_kult

На големата сцена во Македонскиот народен театар вечер (20 часот) ќе се одигра претставата „Поделби“ од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.

Гостувањето е копродукциски проект на: Српското народно позориште од Нови Сад, Народното позориште од Ниш и Народното позориште од Приштина со седиште во Грачаница.

Од МНТ информираат дека станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна, претстава која премиерно била одиграна на 11 март годинава во Ниш. Во претставата настапуваат: Небојша Савиќ, Соња Дамјановиќ, Mилош Цветковиќ, Вукашин Ранѓеловиќ, Милан Ковачевиќ, Григорије Јакишиќ  и други.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе