„Музика за 18 музичари“од Стив Рајх вечер во Филхармонијата

од admin_kult

Антологиското дело на американскиот композитор Стив Рајх, „Музика за 18 музичари“, ќе биде изведено вечер од 20 часот од Оркестарот на Филхармонијата под диригентство на Паскал Галоа од Франција.

Како што информираат од Филхармонијата, ова ќе биде прва изведба на најпопуларното музичко дело на Рајх во Македонија.

Пишувано во духот на музичкиот минимализам, делото е создадено во седумдесеттите години на минатиот век и е најизведуваното дело на Стив Рајх. Делото, всушност, е циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем.

Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговото мото како уметник е дека музиката како уметност заслужува подобро место во општеството и токму поради тоа тој го води најголемиот конзерваториум во срцето на Париз.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе