Во Центарот за култура – Дебар, јубилејно издание на детскиот фестивал „Славејчињата на Кораб“ (Bilbilat e Korabit)

од admin_kult

Во концертната сала при Центарот за култура – Дебар денеска, со почеток во 13 часот, ќе се одржи Фестивалот на детската песна на албански јазик „Славејчињата на Кораб“ (Bilbilat e Кorabit).

На Фестивалот, кој годинава го има своето 10 издание, ќе бидат изведени 13 нови авторски композиции во продукција на Фестивалот. Фестивалот е поддржан од: Министерството за култура како проект од национален интерес за 2020 година, Општина Дебар, Дебарските бањи „Цапа”, како и од Центарот за култура – Дебар.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи, со ограничен број на посетители.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе