Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 Декември 

од admin_kult

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 Декември, Ден на Свети Климент Охридски.

Во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“, делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Ирена Стефоска, министерка за култура и Бујар Османи, министер за надворешни работи, положи свежо цвеќе пред споменикот Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Инсерти од положувањето на цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе