Телеграма со сочувство по повод заминувањето на актерот Луран Ахмети

од admin_kult

Актерот Луран Ахмети почина вчера во Скопје на 45-годишна возраст како последица од корона-вирусот. Луран Ахмети беше дел од Албанскиот театар во Скопје, a има учествувано во многу филмски проекти и зад себе остави богата уметничка кариера.

Телеграма со сочувство до семејството упати и министерката за култура Ирена Стефоска, која истакна дека Луран Ахмети ќе го паметиме како голем актер, врвен уметник кој секогаш беше во служба на убавото и на уметноста, но и прекрасен соработник, колега, пријател, ненаметлива, но влијателна индивидуа во нашата културна  средина.

„Со неговото прерано заминување, ќе остане огромна и неисполнета празнина во културниот живот во земјава. Остануваат неговите извонредни улоги на сцената на Албанскиот театар, многу филмски и телевизиски проекти, но и остварувања на меѓународната сцена, со кои покажа дека со посветеност и љубов кон уметноста, сѐ е возможно“, стои во телеграмата со сочувство.

Од 1998 година тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“, како и во некои од главните улоги во сериите: „Kurtlar Vadisi – Pusu”, „Mutlu Ol Yeter”, „Guzel Gunler”, „Son Yaz Balkanlar”, „Bahar Dallari”, „Limonata” …

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе