Средба на министерката за култура Стефоска со катарскиот амбасадор, Јасим бин Хамид Ал-Тани

од admin_kult

Културата е најдобар и најраспространет начин за меѓусебно запознавање,  истакна министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната средба со амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Јасим бин Хамид Ал-Тани.

На средбата соговорниците разменија информации и мислења за досегашната соработка на полето на културата меѓу двете земји, како и за можностите за идна соработка. Стана збор и за  реализација на повеќе проекти, меѓу кои и одржување на Денови на македонската култура во Катар и Денови на катарската култура во Република Северна Македонија.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе