Министерката за култура Ирена Стефоска денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн.
На средбата Стефоска и Холштајн разговараа за досегашната соработка меѓу двете земји во делот на културата, како и за идните чекори за нејзино натамошно интензивирање.
На средбата на која присуствуваше и раководителката на Одделот за култура во германската амбасада, Катрин Фриинсфелд беше посочена и соработката во делот на заштитата на културното наследство. Во тој контекст министерката Стефоска истакна дека интензивно се работи на зајакнување на експертскиот кадар кој работи на заштита на нашите културни богатства – цркавата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново и Музејот на РСМ.