Европска ноќ на литературата

од admin_kult

На 7 октомври  во Софија ќе се одржи деветтото издание на манифестацијата „Европска ноќ на литературата“. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, Културно информативниот центар на Република Северна Македонија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на отец Пимен, која оваа година беше преведена на бугарски јазик.

Посетителите на настанот кој е во организација на повеќе културни институти и амбасади, на различни локации од центарот на Софија ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда) каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе