„Шпански танц“ е насловен концертот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток (1 октомври) во 20 часот, на кој ќе бидат изведени Барокни варијации „Пасчакона“ од македонскиот композитор Благој Цанев и „Кармен свита“ од Бизе – Шчедрин. Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија.
Делата на Цанев ротираат околу класичниот хармонски и мелодиски призвук, а често лајтмотив, но и интегрирана суштина во неговиот опус е и инспирацијата од македонскиот музички фолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања.