Започна Меѓународниот тетарски фестивал „Денови на комедија – Куманово 2020“

од admin_kult

Со кабаретската претства „Меѓуигра 0 – 24“  на босанскиот актер Зијах Соколовиќ, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово почна Меѓународниот тетарски фестивал „Денови на комедија – Куманово 2020“.

Во рамките на Фестивалот, денеска ќе биде прикажана претствата „Фанови“ во продукција на УГД – Штип, а годинава ќе гостуваат и: Театар „Антон Панов“ од Струмица со претствата „Секс, лаги и љубомора“; Театарско друштво „Маскарад“ од Софија со претствата „Не се клади на Англичани“ во режија на Владлен Александров; Театар „Комедија“ од Скопје со претствата „Човек, ѕвер и доблест“; Театар „Славија“ од Белград, Србија, со „Женски разговори“ и домаќините Театар Куманово со претствата „Солдат“.

Фестивалот, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура, ќе трае до 10 октомври.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе