По реакциите од фолклорни друштва, автори на кореографии, професори од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, како и други засегнати страни, Министерството за култура ја известува јавноста дека не изработува категоризација на фолклорно-уметничките друштва.
Имено, авторот на категоризацијата на фолклорните друштва не настапува од името на Министерството за култура.
Министерството за култура ќе поддржи процес на широка и отворена расправа за категоризација во која се вклучени сите засегнати страни.