Соопштение за Јавен повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници

од admin_kult

Ве известуваме дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука  за финансиска поддршка на уметници и на културни работници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 297/20).

Министерството за култура, врз основа на член 2 став (4) од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 297/20), на својата веб-страницата објави Јавен повик за доставување барање за финансиска поддршка на уметниците и на културните работници.

Предмет на финансиската поддршка на уметниците и на културните работници е еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци, во месечен нето-износ од:

14.500,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 80.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),

18.000,00 денари (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 60.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи),

21.500,00 денари, (до колку уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 40.000,00 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи).

Јавниот повик трае до 19.12.2020 година, а сите заинтересирани лица на маил адресата на Министерството за култура: info@kultura.gov.mk   треба да достават Барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на културни работници и Изјава за исполнетост на условите за добивање финансиска поддршка (Образецот на Барањето и образецот на Изјавата се Прилзи 1 и 2 на Одлуката  за финансиска поддршка на уметници и на културни работници и се објавени заедно со Јавниот повик).

Исплатата на средствата ќе ја врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија врз основа на решенија што ќе ги донесе министерот за култура, а во согласност со член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Covid-19 во рок утврден во член 3 од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници.“

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе