СОКОМ организира „драјв ин“концерт со биг – бендот на Здружението на џез – музичари

од admin_kult

Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) вечер  (14 септември) од 20 часот на паркиралиштето во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ го организира првиот „драјв ин“ концерт во Македонија со биг-бендот на Здружението на џез-музичари.

Концертот ќе биде под диригентската палка на Владимир Николов, во рамките на свеченото отворање на 43. Денови на македонска музика – 2020 година.

Од СОКОМ потенцираат дека настанот се организира според сите здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19.

„Влезот е бесплатен, а поради протоколите и ограниченоста на капацитетите, резервациите се задолжителни.  За оние што не би доаѓале со автомобил, ќе има места – столови, но и тие се во ограничен број. Организацијата на распоредот на автомобили дозволува слобода на влез и излез од паркиралиштето, според потребите“, информираат од COKOM.

На програмата се џез-композиции од Г. Стевковски, Ж. Глишиќ, И. Петровски, И. Пејовски, Т. Китановски, В. Николов, Г. Спасовски, Т. Велков, В. Ботев, А. Пејовски.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе