Разновидна програма на манифестацијата „Звуците на чаршијата“

од admin_kult

На програмата на манифестацијата „Звуците на чаршијата“  денеска  од 16 часот ќе се одржи настанот „Чаршиските улици“ во чии рамки концерт ќе одржат Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано.

Во 17 часот пред Мурат-пашината џамија е предвиден настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“, во 19 часот на плоштадот Скендербег ќе биде одиграна театарската претстава „Не плаќам“, а од 20 часот на плоштадот Филип Втори ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на звукот“.

Во 22:30 часот на Скопското кале, пак, ќе бидат проектирани два краткометражни филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкони“ на Линдита Зеќирај.

Манифестацијата „Звуците на чаршијата“, која е во организација на Културно-информативниот центар од Скопје, е дел од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе