Со „Вишновата градина“ на Турскиот театар в петок продолжува МОТ

од admin_kult

Млад отворен театар (МОТ) продолжува в петок со изведбата на „Вишновата градина“ на Турскиот театар. До крајот на првиот блок на МОТ, кој ќе трае до први декември, има уште четири претстави, а поради тридневната жалост, програмата на фестивалот претрпе промени.

На 27 ноември во 20 часот на Малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде прикажана македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“, во режија на Нина Николиќ.

„Уметноста е ормар“ е насловот на претставата на Словенско младинско гледалишче, во режија на Иван Петернељ, што ќе биде изведена на 27 ноември во 22 часот на големата сцена во МНТ.

Првиот блок на МОТ ќе биде затворен со гостувањето на Народниот театар од Прилеп со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовац. Оваа претстава ќе биде изведена на 1 декември во 20 часот во „Фросина“.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и од Министерството за култура.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе