Изложба на графики „Кумановски графичари 2021“ во Куманово

од admin_kult

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска (26.11.2021г.) во 19:00 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2021“.

На изложбата ќе бидат претставени дваесетина графики работени во повеќе графички техники од најновата продукција на академските графичари: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами,  Александар Стефановски, Милена Арсовска,  Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски и Дејвид Стоилковски.

Изложбата ќе биде поставена до 9.12.2021 година, а потоа ќе биде презентирана пред љубителите на графиката во Неготино.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе