„Скопје фрејмс“ е меѓународен фестивал на краток филм чие прво издание се одржува (вчера и денеска) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Во рамките на фестивалот, кој се стреми да инспирира, да унапреди и да овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време на пандемија на КОВИД-19, ќе бидат прикажани 12 кратки филмови.
Настаните ќе се реализираат според соодветен протокол со почитување на мерките за заштита.