Во Националната опера и балет денеска (28 мај) во 19 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Зоран Костовски.
Изложбата се организира по повод одбележувањето на два значајни јубилеја на авторот – 50 години сликарство и 45 години членување во Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Зоран Костовски е роден во Скопје во 1952 година. Завршил на Сликарскиот оддел на Академијата „Свети Климент Охридски“ во 1974 година. Добитник е на наградата „Моша Пијаде“, а остварил и студиски престој во Париз.
Во 1989 година „Американскиот културен центар“ во Скопје откупил негово дело, кое потоа е изложено во Белата куќа во Вашингтон, САД.
Реализирал самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Осиек, Загреб, Нова Горица, како и во Келн и во Ерштад, Германија.
Ретроспективната изложба ќе биде отворена за посетителите до 12 јуни.