Почнува вториот дел на КРИК 05 – Фестивал за критичка култура

од admin_kult

Од денеска до 18 септември во Музејот на современа уметност – Скопје ќе се одржи вториот дел на КРИК 05 Фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“. Темата на Фестивалот е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“.

Денеска, со почеток во 19:30 часот, во рамките на Фестивалот ќе се одржи предавање на Елизабета Шелева во разговор со Мања Величковска, а од 21:00 часот, концерт ќе одржи џез-составот „Кадабајас“.

Фестивалот за критичка култура КРИК е поддржан од: Министерството за култура, Allianz kulturstiftung, Институтот „Гете“ Скопје, Институтот „Гете“ Брисел и Фондацијата „Отворено општество“.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе