На програмата на манифестацијата „Звуците на чаршијата“ денеска од 16 часот ќе се одржи настанот „Чаршиските улици“ во чии рамки концерт ќе одржат Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано.
Во 17 часот пред Мурат-пашината џамија е предвиден настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“, во 19 часот на плоштадот Скендербег ќе биде одиграна театарската претстава „Не плаќам“, а од 20 часот на плоштадот Филип Втори ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на звукот“.
Во 22:30 часот на Скопското кале, пак, ќе бидат проектирани два краткометражни филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкони“ на Линдита Зеќирај.
Манифестацијата „Звуците на чаршијата“, која е во организација на Културно-информативниот центар од Скопје, е дел од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура.