Прва работна средба на министерката Стефоска со градоначалникот на Охрид, Пецаков

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска оствари прва работна средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посветена на заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Министерката Стефоска и градоначалникот Пецаков ја реафирмираа стратегиската определба на државава да се зачува статусот на УНЕСКО. Министерката Стефоска ја потенцираше важноста на соработката меѓу локалната и централната власт и добрата комуникација со цел да се постигнат заедничките цели. На средбата, Стефоска и Пецаков се согласија дека продолжуваат активностите за исполнување на препораките и одлуките на УНЕСКО.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе