Проштална средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан. Соговорниците изразија задоволство за досегашната плодна и успешна соработка, која резултираше со многубројни гостувања на македонски и на чешки уметници на реномирани фестивали и манифестации во двете земји.

Министерката Стефоска му се заблагодари на амбасадорот за неговиот ангажман околу подготовките на Деновите на македонската култура во Чешката Република во втората половина од следната година, во  периодот кога Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ.

Амбасадорот Томан ја информираше министерката Стефоска дека во моментов  е многу загрижувачка ситуацијата со пандемијата од КОВИД-19, дека Прага е град без културни настани, што во досегашната негова историја е незамисливо.

Соговорниците изразија надеж дека ситуацијата ќе се подобри и дека размената на уметници, проекти и идеи ќе продолжи со несмалено темпо. Амбасадорот Томан заминува од Република Северна Македонија со прекрасни впечатоци и ќе продолжи, како што нагласи, да ја поддржува нашата земја во нејзиниот евроатлантски пат.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе