Промоција на „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“

од admin_kult

Во просториите на НУ Музеј на Република Северна Македонија утре (2 декември) во 13 часот ќе биде промовиран прирачникот „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“. Станува збор за прва публикација наменета за вработените лица во музеите во државава, во кои секојдневно, организирано доаѓаат и лица со попреченост.

Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, за подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа. Автори на Водичот се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе