Промоција на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески

од admin_kult

Во дворот на Министерството за култура денеска ( 8.7.2021 г. ) во 20 часот  ќе се одржи промоција на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусите записи за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура.

Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе