Во Културниот центар и кафе-книжарница „Везилка“ во Битола денеска од 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978 – 2018)“ од Александар Прокопиев. За книгата ќе зборува критичарот Сашо Огненовски.
Книгата претставува заокружување на 40-годишното творештво на проникливата хибридна книжевна форма по која е препознатлив авторот, а која содржи кратка проза, поезија и есеи.
Александар Прокопиев e прозаист и есеист. Тој е основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература и е автор на дваесетина прозни книги. Неговите дела се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки и на други јазици. Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.