Од 112. седница на Владата: На културно-уметничките настани во затворен простор се дозволува до 50 % публика со две дози вакцина

од admin_kult

Владата на Република Северна Македонија на 112-тата седница, врз основа на препораки од Комисијата за заразни болести, донесе повеќе заклучоци и одлуки за измени и дополнувања на дел од протоколите за заштита од КОВИД-19.

На предлог од Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30 %, се зголемува со присуство на публика до 50 % од капацитетот на салата.

Во врска со овој протокол се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и да ги контролира сите преостанати препорачани превентивни мерки за спречување на ширењето на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе