Програмски содржини во рамките на јубилејното издание  на „Интерфест“

од admin_kult

Љубителите на ликовната уметност од синоќа во Музејот во Битола може да ја видат изложбата „Боја родена од музиката“, зачувани дела од академскиот сликар Борислав Траиковски (1917 – 1996). Културниот настан е во рамките на придружната програма на 30. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“, кое годинава е во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.

Фестивалот започна со операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало, во  изведба на солисти од Националната опера и балет, а на  фестивалската програма, до 12 октомври во Битола концерти ќе одржат Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато од Италија, Александар Рам и Ана Одинцова од Русија, Михаил Кун и Кристоф Еверс од Германија, а ќе настапат и уметници од Унгарија, Турција, Србија и од Северна Македонија. Во рамките на придружните содржини на „Интерфест“, освен ликовната изложба од Борислав Траиковски, ќе се одржи и поетска вечер посветена на Блаже Конески.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе