Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечер (29 јули) премиерно ќе биде изведена претставата „Драма изгубена во времето“ од Сашко Насев – по мотиви на „Темносино, речиси црно“ од Танасис Валтинос. Претставата е во режија на Владлен Александров.
Во претставата играат: Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ и Александра Пешевска, која е гостинка во видеото.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска-Стевковска, визуелизацијата на Емил Пачковски, режисер на видеото е Никола Поповски, драматург е Симона Тоскиќ, кореографијата е на Тања Китановска-Стојковска.
Претставата е посветена на сите лекари, сестри и санитари вклучени во борбата против пандемијата на КОВИД-19.