Мешан барокен квартет од Холандија вечер на „Охридско лето“

од admin_kult

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува вечер (29 јули) во 21 часот во црквата „Св. Софија“ каде што ќе биде изведен концертот на барокниот оркестар „Teatro alla moda” од Холандија.

Членовите на ансамблот доаѓаат од различни културни средини, но заеднички јазик  наоѓаат во Холандија за време на студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг. Овој музички состав редовно настапува во Холандија, а на интернационалната сцена настапува на фестивали во Исланд, Франција, Португалија и во нашата држава.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе