Премиера на детската претстава „Рапунзел“ во Турскиот театар

од admin_kult

Моќта на љубовта и победата на доброто над злото се клучни мотиви во детската претстава „Рапунзел“, чија премиера Турскиот театар ќе ја изведе утре, сабота (23.10.2021 г.), во 14 часот, на сцената на Театарот „Комедија“.

Станува збор за претстава работена според истоимената бајка на Браќата Грим, во адаптација и режија на Џабир Доко. Улогите ги толкуваат: Инес Радончиќ, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Жале Османи, Метин Ибрахим и Дин Ибрахим. Сценографијата е авторство на Татјана Блажевска-Христоска, а костимограф е Розе Трајческа-Ристевска.

Претставата ќе биде изведена во согласност со протоколите и препорачаните мерки против КОВИД-19, а бројот на седиштата е ограничен.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе