„Да, инспекторе, претстава со грешки“ – нова премиера на Прилепскиот театар

од admin_kult

„Да, инспекторе, претстава со грешки“, во режија на Синиша Ефтимов, е новата претстава што Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе ја изведе премиерно денеска, петок, во 19:30 часот. Претставата е работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан.

Во претставата играат: Илија Волчески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Игор Трпчески, Ангела Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, преводот е на Дарко Јан Спасов, а тон-мајстор и дизајнер на звук е Томе Темелковски.

Ова е втора премиера на Прилепскиот театар, поддржана од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе